Мотивација плус за новиот менаџер

Фулам ќе му исплати бонус од 1 милион евра на Раниери, ако ги спаси од испаѓање

Италијанецот беше назначен на местото на Славиша Јокановиќ по лошиот старт на сезоната и само една победа до овој момент. Фулам е во тешка ситуација, но Раниери е оптимист.

објавено: 15 ноември 2018 - 21:10

Новиот менаџер на Фулам, Клаудио Раниери, ќе добие бонус од 1 милион евра ако успее да го спаси од испаѓање малиот лондонски клуб.

Италијанецот беше назначен на местото на Славиша Јокановиќ по лошиот старт на сезоната и само една победа до овој момент. Фулам е во тешка ситуација, но Раниери е оптимист.

Искуството на Раниери, кој постигна чудо со Лестер пред само 2 години, ќе биде во основа главен мотив за тимот да се извлече од опасната зона. Денеска Раниери ја имаше првата средба со играчите кои не се со националните тимови, по што ќе почне да работи за дуелот против Саутемптон, кој ќе се одигра следната сабота и ќе биде деби на новиот тренер.

До крајот на календарската година Фулам ќе игра и со фаворитите Челзи и Манчестер Јунајтед, но исто така и со Саутемптон, Лестер, Вест Хем, Њукасл, Вулверхемптон и Хадерсфилд, кои се реална шанса за важни бодови за опстанок.

Најново во Меѓународен Фудбал