Турците напаѓаат

Фенербахче во јануари тргнува по Озил

објавено: 11 септември 2018 - 21:25

Фенербахче е неочекуван фаворит за потписот на Месут Озил, кој се повеќе разочарува со настапите во екипата на Арсенал. Локалните турски медиуми веќе објавуваат дека Германецот во јануари ќе го напушти Лондон.

Арсенал може да се одлучи да го продаде играчот за врска и со тоа да заштеди на огромната плата која е над 300.000 фунти неделно. Фенербахче ја следи внимателно ситуацијата, но и Манчестер Јунајтед може да излезе на мегдан за него.

Озил исто така не е задоволен од позицијата која ја има под водство на новиот тренер Емери и веројатно и самиот ќе посака да си замине.

Најново во Меѓународен Фудбал