БРАЗИЛСКАTA ЛЕГЕНДА ИМА СВОЈ ФАВОРИТ

Доста му беше на Сити: Време е за нов шампион!

Започна официјално новата натпреварувачка сезона во Премиерлигата вчера со првиот меч на „Олд Трафорд" помеѓу Манчестер Јунајтед и Лестер.

објавено: 11 август 2018 - 11:10

Бразилската фудбалска легенда, Пеле има свој фаворит за освојување на титулата оваа сезона 2018/2019, станува збор за екипата на Ливерпул предводена од Германецот Јирген Клоп.

Пеле верува дека ова ќе биде година на „црвените" каде што играат воедно неговите сонародници Фирмино и Алисон. Да потсетиме, Манчестер Сити ќе го брани трофејот од минатата сезона.

„Започнува Премиерлигата, сите ќе имаат свои предвидувања. Мислам дека Ливерпул ќе заврши на првото место", рече Пеле. Новата сезона Редси ќе ја стартуваат в недела на „Енфилд Роуд" против вест Хем Јунајтед.

Најново во Меѓународен Фудбал