ПРВ МЕЧ И ВЕДНАШ СЕ ИСТАКНА

Деби за паметење: Постигна гол од пола терен, но во својата мрежа (видео)

Младиот фудбалер на Хадерсфилд Жунињо Бакуна постигна ефектен автогол во поразот од Стоук

објавено: 29 август 2018 - 11:30

Бакуна доби шанса да дебитира за првиот тим Хадерсфилд на мечот од Лига купот против Стоук во кој неговиот тим е поразен со 2:0, а победата на „грнчарите" ја потврди токму Бакуна со неверојатен автогол.
Младиот 21-годишен фудбалер проба да ја врати топката до голманот кој го напуштил голот и така ја погоди сопствената мрежа од пола терен. Притоа ја истегна задната ложа и излезе од теренот.

Деби за заборав...

 

Најново во Меѓународен Фудбал