ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ СО БЕЛГИЕЦОТ НА МЕЧОТ СО ВАЛЕНСИЈА...

Дали Лукаку навистина „заборавил“ да игра фудбал? (ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед зад себа има лоша сезона, а тоа веднаш го забележуваат критичарите...Ромелу Лукаку оваа година се истакнува само по големиот број на минути, но не може да постигне гол, на видеото погледнете една компилација од негови потези, поточно грешки...

објавено: 14 декември 2018 - 22:30

Белгиските новинари се погрижија да направат видео и контактите со топката на натпреварот од Лигата на шампионите против Валенсија, а комплетниот производ не е ниту малку пријатен за менаџерот Жозе Мурињо и секако навивачите на овој клуб.

Оваа сезона на 21 меч има шест погодоци и две асистенции, важи за еден од најдобрите млади напаѓачи во светот, во Евертон беше еден од најдобрите во Премиерлигата, а до оваа сезона и во Јунајтед имаше добри партии.

Во последното шесто коло од ЛШ беше заменет во 69. минута, а потоа резервниот играч Маркус Решфорд ги постави конечните 2:1 на „Местаља".

Најново во Меѓународен Фудбал