ИНТЕРЕСНО...

Челзи на „црната“ листа во Премиер-лигата, ништо поразличен не е ниту Јунајтед

Британски „Мирор“ спроведе анкета, а фановите на англиските тимови го кажаа своето.

 

објавено: 29 јули 2018 - 19:40

Неколку илјадници вљубеници во фудбалот учествуваа во анкетата на британски „Мирор“, кој го бираше најомразениот тим во Премиер-лига, а „победата“ на крајот на однесе Челзи.

Околу 68,7% од навивачи се изјасниле дека не ги сакаат „сините“, а ништо подобро не мина ниту Манчестер Јунајтед. На третото место е Ливерпул, по што следуваат Вест Хем и Арсенал.

Секако најмалку непосакувани тимови се Барнли, Фулам, Брајтон, но ова не е ни малку чудно, бидејќи најголем број на гласови доаѓаат од фановите на Јунајтед или пак Челзи, Ливерпул и Арсенал. 

Причината поради која Челзи се најде на оваа неславна листа е поради руските милијарди, а Јунајтед најверојатно поради Мурињо...

 

Најново во Меѓународен Фудбал