ПРЕМИЕРЛИГА: ИМ ИЗБЕГА ТРИУМФОТ НА „ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“ (2-2)

Баркли во 96. минута го спаси Челзи, Мурињо за малку до тепачка! (ФОТО+ВИДЕО)

Саботната програма во деветтото коло започна со дербито на „Стемфорд Бриџ" помеѓу екипите на Челзи и Манчестер Јунајтед кои што во една возбудлица завршница ремизираа 2:2.

објавено: 20 октомври 2018 - 15:39

Вистинска англиска фудбалска класика која секогаш привлекувала внимание, уште во третата минута се заканија лондонските „сини" преку Матео Ковачиќ кој шутираше од 20. метри.

Челзи доминираше спрема поседот на топката, Маурицио Сари од една страна по продолжување на добрата серија без пораз, а Жозе Мурињо свесен дека мора да триумфира ако сака да ја задржи менаџерската функција.

Во 11. минута Немања Матиќ беше санкциониран со жолт картон, а седум минути подоцна со глава се обиде Ромелу Лукаку, но не се позиционираше најдобро, па топката одлета неколку метри од голот на Челзи.

180 секунди подоцна го видовме првиот гол, Челзи поеде со погодокот на Рудигер! Вилијан го изведе корнерот, а Рудигер целосно непречен и без нитуеден чувар силно ја затресе мрежата на Манчестер кој после примениот гол започна да притисне и во потрага по израмнување.

И Ешли Јанг беше опоменат со жолт картон, португалскиот менаџер евидентно загрижен и незадоволен. Се зголемуваше бројот на жолти картони, на ред дојде и Еден Азар после прекршокот над Решфорд, како и Рудигер. До крајот на првото полувреме немаше големи возбудувања, Челзи замина на пауза со минимално водство.

„Црвените ѓаволи" продолжија со сите налети по нов егал, тоа им успеа во 55-та мин., после една мешаница во казнетиот домашен простор каде што најдобро се снајде Марсијал и ја погоди мрежата на Челзи (1:1).

Во 69. минута од игра излезе Ковачиќ кој беше заменет од Баркли. Веднаш во наредниот напад домашната екипа беше блиску до нова позитива после обидот на Канте.

Во 73. минута голема радост на гостинските навивачи и пресврт на Јунајтед со вториот погодок на мечот, на францускиот интернационалец Ентони Марсијал кој подоцна го напушти теренот заедно со Решфорд, а нивните места ги пополнија Переира и Санчез.

Манчестер Јунајтед целосно се повлече, Челзи бараше избегнување на поразот, тоа му успеа во 96. минута, последната од судиското надополнување благодарение на Баркли.

Веднаш после тој погодок се создаде мешаница меѓу клупите, за време на радоста на Сари и неговите играчи, еден од асистентите од таборот на Челзи влета веднаш пред клупата на Јунајтед, по што бурно реагираше и Мурињо, и мораше веднаш да интервенира обезбедувањето, за среќа се помина без поголем инцидент. На крајот конечни 2:2 на дербито Челзи-Манчестер Јунајтед.

Премиерлига, 9. коло

Сабота:

Челзи-Манчестер Јунајтед 2:2

16:00 часот
Борнмут-Саутемптон
Кардиф-Фулам
Манчестер Сити-Барнли
Њукасл-Брајтон
Вест Хем-Тотенхем
Вулверхемптон-Ватфорд

18:30 часот
Хадерсфилд-Ливерпул

Табела:

1.Челзи 21 бод
2.Манчестер Сити 20
3.Ливерпул 20
4.Арсенал 18
5.Тотенхем 18
--

Најново во Меѓународен Фудбал