ТВРДИ НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ НА ЧЕЛЗИ

Азар: Фаворити од сенка, непредвидлива е Премиерлигата!

Најдобриот фудбалер на Челзи е убеден дека неговиот тим може рамноправно да се бори за титулата шампион во Премиерлигата.

објавено: 4 септември 2018 - 21:00

Според мислењето на Белгиецот, најголеми кандидати за титулата се Манчестер Сити и Ливерпул.

„Знаеме дека ќе биде тешко, но мислам дека сме фаворити од сенка. Досега добро функционираме, победуваме и тоа е одлично. Можеме да се бориме за титулата со Сити и Ливерпул, но и Тотенхем е навистина силен. Ќе видиме што ќе се случи на крајот, непредвидлива е Премиерлигата", рече Азар.

Во секој случај тој верува во својата екипа, сака да ја освои титулата и сигурно лондонските „сини" ќе се борат до крајот на сезоната.

Еден Азар со Челзи успеа да освои две шампионски титули на Англија за шест години поминати на „Стемфорд Бриџ".

Најново во Меѓународен Фудбал