ВИСТИНСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА „ЕНФИЛД“

Алисон како „шлаг на тортата“: Клоп купи цел тим за 436 милиони евра!

Јувентус дефинитивно со доведувањето на Кристијано Роналдо најмногу го привлече вниманието во летниот преоден рок...

објавено: 19 јули 2018 - 13:20

Исто така и Ливерпул е на чекор да биде еден од најголемите победници на фудбалскиот пазар. Најголеми победници, но и најголеми потрошувачи.

Клубот од „Енфилд" предводен од германскиот менаџер досега ангажираше три имиња, од Лајпциг за 60 милиони евра дојде Наби Кеита, 10 милиони евра помалку му беа платени на Монако за Фабињо, а Стоук за Џердан Шаќири доби 14,7 милиони евра.

Како што објавивме претходно, досегашниот чувар на мрежата на Рома, Алисон Бекер за сума од 75 милиони евра се пресели на „Енфилд Роуд". Бразилскиот репрезентативен голман влезе во историјата на фудбалот како чувар на мрежата со најскап трансфер во светот.

Во зимата 2015. година кога дојде Клоп не вложуваше многу, но затоа започна во сезоната 2016/2017 да троши на нови фудбалери со „скромни" 79,9 милиони евра, па во наредната тој износ беше зголемен на 168,03 милиони, а сега со трансферот на Алисон, на 199,7 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал