Ќе биде „жешко“ на дуелот в петок на Мундијалот

Албанците упатија провокација до Србите пред мечот против Швајцарија

Фактот дека во составот на Швајцарија играат неколку фудбалери кои се родени во Косово или Албанија, дел од фановите велат дека тоа е Б тимот на Албанија

објавено: 20 јуни 2018 - 10:00

Албанија не е дел од Светското првенство во Русија, но поголем дел од навивачите од оваа земја имаат свој фаворит. Тоа е репрезентацијата на Швајцарија. Ова е национален тим во чии редови играат неколку фудбалери кои се родени во Албанија, Косово и Македонија. 

Џердан Шаќири, Блерим Џемаили, Ваљон Бехрами и Гранит Џака се меѓу главните играчи во швајцарскаа репрезентација, а имаат корени и потекло од Албанија. Швајцарија одигра нерешено 1:1 против Бразил во првото коло од Мундијалот во Русија, а сега в петок ги очекува меч против Србија, која има три бода и е лидер во групата. 

На твитер профилот Албанија фудбал, се повикуваат сите Албанци в петок да навиваат за Швајцарија и да помогнат да биде победена Србија. Упатена е и порака од тој твитер профил. „Сите во својот календар да го запишете датумот 22 јуни - Србија игра против Швајцарија (Б тимот на Албанија). Овој меч сигурно ќе биде тензичен. Да ги научиме Србите дека поразот е дел од нивната ДНК“, стои на социјалната мрежа. 

Тие дури и се фалат дека Ваљон Бехрами е првиот Албанец кој играл на четири различни Светски првенства. 

Мечот меѓу Србија и Швајцарија се игра в петок од 20 часот, а доколку Србите слават триумф, сигурно ќе влезат во нокаут фазата на Мундијалот. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал