Претседателот на Бенфика во офанзива

„Ако Мурињо рече ДА, парите не се проблем“

Виеира потенцирал дека му е јасно дека нема да биде лесно да се убеди Жозе Мурињо да се врати во Португалија и да ја преземе Бенфика, но нема да се откаже од предизвикот.

објавено: 10 јануари 2019 - 21:30

Луис Филипе Виеира, актуелниот претседател на Бенфика, најави дека во наредните денови лично ќе се ангажира да обезбеди разговор со Жозе Мурињо и да му понуди тој да седне на кормилото на тимот. Виера вели дека сака лично да чуе од устата на португалски стратег кои се условите под кои тој би прифатил да го преземе клубот.

Според португалскиот печат, претседателот на Бенфика нема да инсистира Мурињо веднаш да седне на клупата на тимот, туку ќе бара од Специјалниот да ги каже своите услови под кои би ги преземал „лисабонските орли“ во јуни.

„Ако Мурињо рече да, парите не се проблем“, изјавил во едно телевизиско интервју деновиве првиот човек на Бенфика.

Виеира исто така потенцирал дека му е јасно дека нема да биде лесно да се убеди Жозе Мурињо да се врати во Португалија и да ја преземе Бенфика.

Најново во Меѓународен Фудбал