ХОЛАНДСКИОТ КЛУБ ДВАПАТИ ЗА НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ГО УРНА РЕКОРДОТ

Ајакс го врати Блинд

Ајакс пред две недели го ангажираше Душан Тадиќ од Саутемптон за 12 милиони евра (плус пет во бонуси), а сега го подобри рекордот со ангажманот на Дејли Блинд

објавено: 15 јули 2018 - 09:56

Трансферот изнесува 16 милиони евра, а со потенцијални бонуси ќе достигне до 21 милион евра. Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо се задоволни од сумата за која го продадоа дефанзивецот кој не беше често на теренот, па тргнаа кон ангажман на нов играч во одбраната. Блинд од Ајакс прејде во Манчестер јунајтед во 2014 година, а сега се враќа во матичниот клуб.
Холандскиот репрезентативец ќе потпише четиригодишен договор.

Најново во Меѓународен Фудбал