РЕШЕН Е НИКОЈ ДА НЕ ГО ДОСТИГНЕ

Абреу не застанува, потпиша за 28. клуб во кариерата!

Уругвајскиот интернационалец настапуваше во клубови од три различни континенти

објавено: 14 декември 2018 - 10:00

На Себастијан Абреу, некогашниот уругвајски репрезентативец не му е доста. Не планира да се пензионира иако има веќе 42-години. Тој смета дека уште има сила да игра фудбал и затоа потпиша договор со бразилскиот клуб Рио Бранко кој му е 28. клуб во кариерата! Тој е носител на признание од Гинис по најмногу различни клубови во кариерата, а играше на три различни континенти во 11 држави.

Неговиот нов клуб од февруари 2019 година ќе почне да се натпреварува во Серија Д (четвртата дивизија по ранг во Бразил).

 

Најново во Меѓународен Фудбал