Откако остана без клуб

Теодосиќ ќе игра за Србија во квалификациите за СП 2019

Селекторот Ѓорѓевиќ го повика плејмејкерот во репрезентацијата за следните дуели овој месец.

објавено: 11 февруари 2019 - 15:15

Селекторото на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ го повика и Милош Теодосиќ во списокот на кошаркари на кои ќе смета за следниот прозорец од квалификациите за СП 2019 година.

Теодосиќ е во центарот на вниманието на европската кошаркарска јавност, откако замина од ЛА Клиперс и во моментов се уште бара нов тим. Се шпекулира дека Србинот ќе се врати во Европа, а во игра е екипата на Анадолу Ефес. Во последните неколку денови се шпекулира дека и „Гордоста на Израел“, Макаби ТА е заинтересиран за плејмејкерот.

Првиот собир на српската репрезентација е на 18 февруари, пред заминувањето за Естонија, каде на 21 февруари го игра новиот квалификациски меч.

Најново во Кошарка