ПОТПИШАА НОВИ ДОГОВОРИ СО КЛУБОТ

Тасовски и Зеќири остануваат верни на КК Гостивар

Искусниот Димче Тасовски се очекува и наредната сезона да биде лидер во редовите на екипата...

објавено: 13 јули 2018 - 17:59

Досега 37-годишниот крилен центар имаше просек од 12,9 поени по натпревар во дресот на гостиварци, а клучна фигура се очекува да биде и Јетмир Зеќири.

Младинскиот репрезентативец на Македонија и поранешен играч на Вардар имаше просек од 7,9 поени и 4,9 скока.

Претходно од редовите си замина Робев кој ги засили Вардарци, а и во новата сезона тренерската клупа на КК Гостивар ќе ја води Марјан Србиновски.

Најново во Кошарка