МАКЕДОНСКИОТ КОШАРКАР ГО ГЛЕДАШЕ ТУРСКИОТ ШАМПИОН

Антиќ не го заборава така лесно Фенербахче (ФОТО)

Шампионот на Турција во првиот подготвителен натпревар ја совлада репрезентацијата на Тунис со 89:80.

објавено: 8 септември 2018 - 17:47

Најефикасен во екипата на Жељко Обрадовиќ беше Марко Гудуриќ со 16 поени, новајлијата Ловерњ додаде 13.

Дуелот помеѓу двата тима од трибините го следеше Перо Антиќ кој минатата сезона беше член на Црвена Звезда, претходно со Фенер ја освои титулата шампион на Европа, прва во клупската историја, а трета во кариерата.

Двата тима останаа на теренот, со додатни 10 минути после официјалното завршување на мечот, играјќи во изменети состави.

Сепак, ниту тогаш Фенер не попушти, па после вкупно 50 минути резултатот гласеше 105:92.

Најново во Кошарка