ОНА ШТО ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ГО НАЈАВИ „СПОРТ" ДОБИ РЕАЛИзација

Здравевски е Македонец и ќе игра за Македонија!

Пред извесно време најавивме дека Даниел Здравевски ќе биде новото големо засилување за нашата јуниорска репрезентација. Сега, средени се сите формалности, велат од МКФ, и тој може да игра на претстојното ЕП во Скопје.

објавено: 13 јули 2018 - 13:00

Актуелниот кошаркар на Баерн од Минхен, сакаше, а МКФ го реализира неговото барање.

Практично, младиот кошаркар ја обнови својата македонска патна исправа, и согласно со тоа, се стекна со право да настапува за нашиот национален тим.
Секако со претходна согласност со менаџерскиот тим на баварскиот гигант.

Потврда стигнува и од нашата федерација.

„Сакам да потврдам дека се средени сите формалности за Даниел Здравевски да игра за нашата јуниорска репрезентација. Односно дека добивме зелено светло и од Марко Пешиќ, кој е генерален менаџер на Баерн и кој даде согласност овој млад кошаркар да заигра за Македонија почнувајќи од ова лето" - потврдува директорот на МКФ, Владимир Темелковски.

Темелковски најавува дека го очекуваат Здравевски да пристигне во Скопје.

„Очекуваме да пристигне во Скопје и да ги мине неопходните лекарски прегледи, по што доколку се е во најдобар ред ќе му се стави на располагање на селекторот Панче Милевски" – дополнува Темелковски.

Најново во Кошарка