КАПИТЕНОТ СЕ НАДЕВА НА ДОБРА ИГРА НА НОВИОТ АМЕРИКАНЕЦ

Војдан: Витингтон не е Хендрикс, но верувам дека ќе се вклопи добро

Македонската репрезентација и на овој меч, како и на претходните, традиционално во составот ќе има натурализиран Македонец. 

објавено: 18 јуни 2018 - 10:41

Македонската репрезентација и на овој меч, како и на претходните, традиционално во составот ќе има натурализиран Македонец. За жал, тоа нема да биде Ричард Хендрикс (побара од МКФ да го пресконе овој дуел), кој беше еден од главните лидери во претходните натпревари. 

Неговото место ќе го потполни новиот Американец, Шејн Витингтон. Капитенот на нашиот најдобар националец тим, Војдан Стојановски жали што Хендрикс не е во составот, но верува дека новиот колега има што да понуди.

„Сигурно дека во играта ќе фали Ричард Хендрикс, бидејќи играше одлично во претходните три меча. Витингтон не е ист тип на играч како Хендрикс, но има добар шут и може да игра и на надворешните позиции, но и под обрачите. Има добро искуство, играл во најсилните лиги во Европа, Русија и Шпанија, мислам дека ќе се вклопи добро“, коментира Војдан Стојановски.

Кошаркарите имаат доволно време да се подготват за дуелот со Швајцарија на гости. Иако во Скопје ги добивме лесно, сепак Војдан предупредува дека ќе биде тешко.

„Нам ни останува добро да се подготвиме во следните десет дена и да победиме таму. Нема да би ни малку лесно, тоа го видовме на домашен терен. Немаат класичен центар играат брзо, тука е италијанскиот селектор. Ќе мора да го дадеме максимумот и да оствариме нов триумф“.

Најново во Кошарка