АМЕРИКАНЕЦОТ СЕ НАДЕВА НА ПОЗИТИВНО РЕПРЕЗЕНТАТИВНО ИСКУСТВО

Витингтон: Од Курич дознав дека Македонија има добар тим!

Сите сме професионалци, мора брзо да се прилагодиме едни на други за доброто на тимот, вели екс играчот на Индијана пејсерс

објавено: 18 јуни 2018 - 13:42

Шејн Витингтон кој за првпат ќе заигра за Македонија, откако неодамна ги заврши формалностите околу добивањето наш пасош, се надева дека летово ќе има позитивно искуство. Витингтон кој играше за руски Зенит, е еден од ретките што е во натпреварувачка форма, бидејќи сезоната во ВТБ лигата му заврши неодамна.

„Веќе имав можност да поразговарам малку со неколку од момците во тимот, како и со тренерот. Не верувам дека ќе имам проблем во комуникацијата и прилагодувањето тука. Соиграчите ми изгледаат како група добри момци, нема проблем. Сите сме професионалци, мора брзо да се прилагодиме едни на други за доброто на тимот. Возбуден сум што сум тука, се надевам дека и тие се среќни што сум тука. Очекувам победа на гостувањето во Швајцарија и дека ќе биде убаво искуство" - изјави новиот центар на македонската репрезентација.

Најново во Кошарка