Поради здравствени проблеми (го чека трансплантација на бубрегот), Душко Вујошевиќ мораше да се повлече од селекторската позиција во БиХ, а за свој наследник го предложил поранешниот тренер на Армани, претходно и на други клубови од Европа, Јасмин Репеша.
„Доаѓам во Сараево, верувам дека се ќе се заврши успешно. Луѓето од КС на БиХ се најдоа во тешка ситуација, и навистина ова е толку ургентно дека е скоро невозможно да се најде решение во овој момент. Но подготвен сум да помогнам. Тоа ми е обврска. Дали ќе ја водам селекцијата на БиХ на два натпревари, или повеќе, ќе видиме подоцна" - објасни Репеша за босанските медиуми.
Во рамките на овој септемвриски прозорец од квалификациите за Светскиот Куп, босанскиот состав го чекаат дуелите со Финска (на 13.септември) и потоа и оној против Чешка (на16. септември).