ТРЕТ ПОСЛЕДУВАТЕЛЕН ТРИУМФ НА МЛАДИНЦИТЕ НА ЕП

ТУРКАМЕ КОН „ДЕВЕТКАТА": Архивирана и Албанија...

По победите над Азербејџан и Белорусија, составот на играчи „Под 20" години беше подобар од репрезентацијата на Албанија (77:69) по кој продолжува трката за деветтото место на шампионатот во Софија

објавено: 20 јули 2018 - 14:34

Три по ред победи има младинската селекција на ЕП од Дивизијта „Б" во Софија. Откако успешно ги завривме мечевите во групата фаза, избрнаиците на селекторот Никола василев го добија првиот во онаа втората, за пласман од 9. до 16. место на турнирот.

Со добра игра во две четвртини, првата и последната победене е селекцијата на Албанија.

Македонија – Албанија 77:69 (27-16; 16-23; 11-15; 23-15)
Со серијата од (14-4) која ја реализиравме во седум минути игра од четвртиот период, го скршивме отпорот на албанците.

Претходно, макеоднските младинци имаа одличен почеток, во кој реализираа двоцифрено водство од 11. поени (27:16). но во наредните два, повторно имавме проблеми во фазата на нападот. Му дозволвме на противникот не само да го стигне тој плус, туку на истекот на третиот дел и да има егал скор, (54:54).
Но кога беше најпотребно „црвено-жолтите" стиснаа малку, пред се, во одбраната, на противникот му оставија да реализира само четири поени за седум минути, доволно за недостижни плус 10 (68:58).
Следниот наш противник на ЕП во Софија ќе биде подобриот во дуелот кој следува, а во кој се среќаваат селекциите на Грузија и на Унгарија.

 

Најново во Кошарка