ПОРАДИ ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВ СЕМАФОР ВО АРЕНАТА

Тренинг во „Борис Трајковски", дури после Косово?!

Иако за денеска беше најавена преселба на нашиот национален тим од СЦ „Јане Сандански" во ВИП Арената „Борис Трајковски", барем засега од тоа нема да има ништо.

објавено: 6 септември 2018 - 11:00

Пред се затоа што салата во скопската населба Карпош во овој момент има технички проблеми.

Менаџментот на Арената планира(л) комплетна реконструкција на светлечките уреди (семафорите), која веројатно ќе потрае, со оглед на тоа дека е најавено поставување на едне џиновски семафор на кровната конструкција на овој спортски објект кој деновиве же прослави десет години од ставање во употреба.

Па најоптимистичката варијанта „црвено-жолтите" да се преселат во овој спортски објект е дека тоа ќе се случи дури по првиот одигран натпревар, оној против селекцијата на Косово, предвиден за 13. септември во Приштина.
Дотогаш, извесно е, нашите најдобри кошаркари ќе продолжат со работата во СЦ „Јане Сандански".
За потсетување, натпреварот со Романија ќе се игра на 16. септември токму во ВИП Арената „Борис Трајковски".

Најново во Кошарка