УШТЕ ЕДНА ГРИЖА ПЛУС ЗА СТРУЧНИОТ ТИМ

Соколов со мал оток на коленото

Дарко Соколов не ја почна оваа проверка со МЗТ Скопје. Иако искусниот бек се загреваше, сепак, не одигра ниту една минута на добро познатиот терен.

објавено: 10 септември 2018 - 14:05

Дарко Соколов не ја почна оваа проверка со МЗТ Скопје. Иако искусниот бек се загреваше, сепак, не одигра ниту една минута на добро познатиот терен. Причината е малиот оток кој го има на левото колено, поради што стручниот тим на нашиот национален состав не сакаше ништо да ризикува со тоа.

Затоа Соколов доби поштеда, но извесно е дека по краток одмор, бекот на МЗТ Скопје се враќа во тренажниот процес, и ќе биде во линија за мечевите кои ни следуваат во овој септемврски циклус.

Најново во Кошарка