ГОЛЕМА ПОБЕДА НА СЕЛЕКЦИЈАТА „ПОД 14" ГОДИНИ

Словенците се спасија, ама Хрватите не!

Одличен колективен обид имаа избраниците на селекторот Благоја Кечовски кој на крајот донесе голем резултат, триумф над пионерите во „коцкасто" (82:55) на вториот меч од „Словениа Бол" турнирот...

објавено: 23 август 2018 - 19:40

Македонија не ја победи Словенија, но затоа нашите најмлади репрезентативни кошаркари добро научија од тој пораз против домаќинот... И за само неколку часа излегоа на теренот во Словењ Градец и стигнаа до целта – победата... Прва за нив во еден официјален натпревар под јурусдикција на ФИБА, и која дефинитивно ќе ја паметат – цел живот!

Македонија – Хрватска 82:55 (16-7; 24-21; 20-16; 22-11)
Тоа беше една малку поинаква претстава во која напито најмлад национален тим не очекуваше се да оди преку највисокиот и најдобар играч во тимот – Теодор Симиќ.
Овојпат пристапот беше далеку поколективен – и тоа на крајот се исплатеше.
Освен еден одреден пад во играта во третиот период, Македонија доминираше во дуелот со „коцкастите", што е вистинска реткост на овој традиционален турнир во Словењ Градец.


Трипуновски,Благоевски и Башовски, беа одлични помагатели на Симиќ, но свои моменти во играта имаа и Гудев, Стојковски... Па не чуди што во текот на последниот период, Македонија имаше предност и од 20 поени, (64:44) и (75:55).
Во текот на утрешниот ден Македонија ја очекуваат уште два натпревари во групата.
Во раните утрински часови (од девет часот), играме против селекцијата на Русија, а веќе од 14.30 часот следува дуелот против соодветната селекција на Унгарија.

Најново во Кошарка