КАКО ПОНАТАМУ,СЕ ПОБИСТАР „ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА“ ЗА СЕНИОРИТЕ

СЛЕДНИ РИВАЛИ: Косово, и се поизвесно, Марковски и Романија

Првата фаза е завршена, Словачка и Швајцарија се архивирани, сега следува втората фаза од претквалификациите, во која Македонија за ривали ќе ги има стариот познаник Косово, и најверојатно Романија на селекторот Заре Марковски.

објавено: 29 јуни 2018 - 12:57

Првата фаза е завршена, Словачка и Швајцарија се архивирани, сега следува втората фаза од претквалификациите, во која Македонија за ривали ќе ги има стариот познаник Косово, и најверојатно Романија на селекторот Заре Марковски.

Втората фаза стартува во септември, продолжува во ноември, а завршува во јануари. Доколку после тие шест кола, Македонија биде првопласирана во групата, ќе влезе меѓу 32. најдобри репрезентации во Европа, кои во квалификациите ќе се борат за 24. места на Евробаскетот кој ќе се одржи во 2021 година.

Доколку бидеме втори или трети во групата со Косово и Романија, тогаш во летото 2019 година ќе треба да се бориме за едно од четирите слободни места во квалификациите, во конкуренција на 13 тима.

Тие 13 тима ќе бидат сите што играле претквалификации во првата и втората фаза, а не обезбедиле пласман понатаму.

Најново во Кошарка