МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПОЧНА НАСТАПОТ НА „Б“ ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Силен отпор на кадетките, на крајот победа за Британките!

Женската кадетска репрезентација денеска го започна настапот во Подгорица (Црна Гора) на Европското првенство Дивизија „Б" за кошаркарки до 16 години.

објавено: 16 август 2018 - 20:32

Избраничките на селекторот Стојна Вангеловска во рамките од групата А загубија од селекцијата на Велика Британија со 44:53 (9:16, 13:12, 8:8, 14:17).

Најефикасна во нашите редови беше Атанасовска со 11 поени, следена од Николиќ и Селкова кои имаат по 10. На спротивната страна доминираше Мбам со 20 поени.

Уште во првите пет минути од мечот Британките стекнаа висока предност од 10:2, позитива која противникот ја одржуваше во текот на првата четвртина.

Ништо не се промени во втората делница, иако беше освоена од нашите кошаркарки со 13:12. Во еден момент имавме и двоцифрена негатива на нецела минута до паузата (17:28).

Во третата четвртина видовме многу малку кошеви, по осум на двете страни, евидентно беше подобрата игра на македонските кошаркарки кои се доближија на минус три (27:30), но не дозволија противничките да влезе овој меч во егал, па повторно направи серија, не толку драстична, но колку да одржуваат и понатаму разлика од 6-7 поени.

Со сите сили тргна Македонија да направи евентуален пресврт, после скоро две минути игра од последната четвртија, најрасположената Атанасовска со тројка израмни на 36:36.

И наместо во тој момент да се притисне се дозволи на британските кошаркарки да се одлепат повторно со серија од 9:0 која што беше клучна за конечниот епилог.

Следниот меч нашите кошаркарски надежи ќе го имаат утре (петок, 17. август) со почеток од 18:15 часот против Грција.

Најново во Кошарка