ПЕТ НАТПРЕВАРИ - ПЕТ ПОРАЗИ

Се остана само на пустите желби...

И Исланд ја победи Македонија (64:55), па нашите кадетки ќе се борат за пласман од 17 до 23 позиција на првенството во Подгорица...

објавено: 21 август 2018 - 18:50

Тоа беше последната шанса. Но ништо од неа...

Женската кадетска селекција на Македонија загуби и во петти пат на ЕП од Дивизијата „Б" за кошаркарки „Под 16" години.
Избраничките на селекторот Стојна Вангеловска загубија и во дуелот со вториот аутсајдер во групата „Б", Исланд, и го освоија последното место.

Со максимални пет порази во исто толку натпревари.
Исланд – Македонија 64:55 (21-15; 3-14; 23-17; 17-9)
Со многу осцилации го одиграа и овој последен меч од групната фаза нашите млади кошаркарки.
Најдобро ја одиграа втората четвртина која ја решија во своја корист со (14-3), по што на полувремето имаа и предност од пет поени, (29:24).
Но ја загубија во третиот дел од играта, а потополно паднаа во оној последниот, кога Исланд и стигна до недостижна разлика.
Николиќ реализираше 19. поени (плус 5 скока и 2.асистенции), а Селцова уште 10. поени и 9. скока во нашиот тим кој продолжува со обидите да направи барем една победа, но во онаа група за пласман од 17. до 23. позиција на шампионатот во Подгорица.

Најново во Кошарка