КАДЕТИТЕ НАД СИТЕ ОЧЕКУВАЊА - ВЛЕГОА ВО ПРВАТА „ОСУМКА“

РУТИНСКА РАБОТА СО СКАНДИНАВЦИТЕ: На ред е она вистинското - четвртфиналето!

Со триумфот над само борбената Норвешка (86:70), нашиот состав „Под 16“ години го освои второто место во групата „Б“ од евро-шампионатот од Дивизијата „Б“ во Сараево, и се стекна со шанса да се бори за место кое води во „А“ Дивизијата. 

објавено: 14 август 2018 - 18:15

Македонија е во четвртфиналето на ЕП од Дивизијата „Б" за кошаркари „под 16" годни.На последниот ден од онаа регуларна или групна фаза, македонските кадети ја победија Норвешка, и со скор од четири победи и едне пораз (стартниот од Русија), го освоија втрото место во групата „Б".
Едно од оние кои води во големата „осумка" на првенството во Сараево.
Кој ќе ни биде противник, ќе биде познато за некој час,кога ќе финишираат средбите од групата „А" со која, според системот за натпреварување, ќе вкрстиме во следната фаза од првенството.
Норвешка – Македонија 70:86 (9-16; 29-22; 15-28: 17-20)
Норвежаните дури и поведоа (18:16) по серијата од (9-0) која ја направија во нецели две минути од втората четвртина. За 1:11 минути реализираа исто толку поени колку во целата прва четвртина која ја добивме со (16:9). Имаше противникот и (24:19) во тој лош дел од играта на нашите кадети, особено во одбраната.
Израмнивме дури во 17.минута од играта (31:31), а така беше и на истекот на полувремето кога Данаиловски погоди за (38:38).

Скромни 20 минути во кои стручнито тим реши да комбинира, да проба со повеќе играчи, дел од стартерите да одмори. Но евидентно беше дека ја нема играта која беше „присутна" на претходните мечеви во кои го обезбедивме местото во четвртфиналето.
Сепак, видливо беше дека во главите на младите играчи веќе беше оној следен меч – четвртфиналниот, веројатно и најважниот за една наша млада кошаркарска селекција во изминатото десетлетие.
Дека пред нив е шанса, и тоа голема, која води и во „А" Дивизијата, што Македонија го нема направено од 2006 година, макар и во една друга возрасна категорија, младинската.
Третиот дел од играта донесе две интересни ситуации. Техничка грешка на нашиот селектор, сосема непотребна, а по која нашето водство (46:40), противникот го претвори во минимална позитива, (47:46).
Но и серијата од (12. поени по ред на нашито кадетски сосата по кој конечно се одвоивме на двоцифрена разлика (58:47).
Третиот дел од играта го завршивме со уште повисоки, (66:53) по заслуга на разиграните Петрушевски (ја прекина серијата на Норвешка) и Миловановиќ (дојде до 17. поени и 9. скока) во добар дел креирани од Савиќевиќ, кој пак имаше (дотогаш) шест успешни додавања.
Оној последниот, беше рутинско одработување на задачата, и потврда на големито усшех – пласманот меѓу осумте најдобри во оваа второлигашка конкуренција, Селекции кои остануваат со надеж дека догодина ќе играат во повисокиот ранг на натшреварување.

 

Најново во Кошарка