НЕ МОЖЕ САМО СО ЕДНА ПЕТОРКА

Руска пионерска машинерија

Освен во првата четвртина во која бевме конкурентни, во другите три, руската селекција ја прегази македонската (79:51)

објавено: 24 август 2018 - 10:59

После сонце дожд, или како и да е, сеедно...

По блескавито триумф над селецијата на Хрватска на првиот ден од турнирот во Словењ Градец, на вториот, разочарување за нашите млади кошаркари, оние „Под 14" години.
Русија им го расипа денот на избраниците на селекторот Благоја Кечовски.
РУСИЈА (У-14) – МАКЕДОНИЈА (У-14) 79:51 (20-23; 25-7; 16-9; 15-15)
По сосема добриот старт, на нашата прва петорка и заостанувањето од само три поени (20:23), се некако се растури во играта на нашиот пионерски тим во вториот период. Оној во кој вториот руски тим ја превзема контролата (25-7) и до полувремето изгради висока предност, (45:30).

Второто полувреме беше само реален одраз на случувањата од втората четвртина. Руската пионерска „машинерија" работеше без грешка.
По овтој втор пораз (имаме и една победа), и по една мала пауза, нашите млади кошаркари продолжуваат со натпреварите веќе од 14.30 часот. Ги чека последниот дуел од групната фаза во која за противник ја имаат соодветната селекција на Унгарија.

Најново во Кошарка