„Контролата" со Левски Лукоил условува промени кај сениорите

Првите тренинзи без „третината“ од МЗТ

Со оглед на тоа дека веќе беа договорени оние контролни средби со бугарскиот првак, а и фактот дека МЗТ Скопје дава шест кандидати за националниот тим, јасно е дека првите денови од подготовките на сениорите ќе протекнат без нив...

објавено: 30 август 2018 - 20:00

МЗТ Скопје треба да одработи два контролни натпревари во наредните два дена. Во Скопје доаѓа најдобриот тим во Бугарија, Левски Лукоил, а тоа дефинитивно носи „поделби" и во нашиот национален тим.

Датумот на одигрување на пријателските средби на македонскиот вицепрвак со „сините" од Софија (31.август и 1.септември) се поклопува со почетокот на подготовките на „црвено-жолтите". Па извесно е дека селекторот Јорданчо Давитков ќе мора да ослободи дури една третина од кандидатите.

Во овој момент под договорна обврска со МЗТ Скопје се шестмина кошаркари кои се на списокот на Давитков. Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Марко Симоновски, Љубомир Младеновски, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко.
Јасно е дека обаа „шесторка" ќе ги одработи двата меча со „левскарите" во петок навечер 20.30 часот) и сабота попладне (14.часот) , па по еден ден одмор, што е најреално да „се префрли" во репрезентативната униформа, на истата локација, СЦ „Јане Сандански".

 

Најново во Кошарка