ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ СО ПОВРЕДИТЕ

ПРВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ДАВИТКОВ: Почетокот без Николовски и Соколов

Иако првично беше планирано подготовките да започнат на 11. јуни, селекторот Јорданчо Давитков одлучи да им даде уште седум дена одмор на своите избраници кои имаа напорни натпреварувачки сезони. Стартот без Кирил Николовски и Дарко Соколов кои не ги санирале повредите во целост...

објавено: 17 јуни 2018 - 11:30

Наместо на 11. првиот собир од подготовките за мешот со Швајцарија во рамките на претквалификациите за ЕП 2021, нашите најдобри кошаркари ќе го имаат утре.

И тоа со почеток во 10. часот во Спортскиот центар „Јане Сандански".
Сениорите ќе тренираат во Скопје се до 27. јуни кога ќе отпатуваат за Фрибург каде ќе го одиграат последниот натпревар во рамките на првата фаза од претквалификацискиот циклус за Евробаскет 2021.

Списокот на кошаркари повикани за прв собир изгледа вака:
Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Андреј Маслинко, Александар Штерјов.

Но извесно е дека поради недоволно санираните повреди, на првите тренинзи ќе ги нема Кирил Николовски и Дарко Соколов.
А со оглед на успешно реализираното барање за добивање на македонско државјанство, од првиот тренинг селекторот Давитков ќе го има на располагање новиот „Македонец", Шејн Витингтон.

По три одиграни натпревари одиграни во првите два т.н. ФИБА „прозори" македонската репрезентација е на врвот на табелата во групата А, со максимален ефект од три победи
Инаку, последниот меч од претквалификациите оној против селекцијата на Швајцарија, ќе се одигра на 28. јуни, со почеток во 19.30 часот.

 

Најново во Кошарка