ИАКО ТЕШКО, МНОГУ ТЕШКО БЕШЕ И ПРОТИВ АЗЕРБЕЈЏАН

ПРВА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА:Помогнаа и јуниорите и амбасадарот Ѓорчев

Се мачевме во текот на сите 40.минути, но на крајот, „извадивме" победа (74:67), против веројатно најслабиот ривал во групата. Утре вечер (19.30) против Белорусија ја затвораме првата фаза од шампионатот. 

објавено: 17 јули 2018 - 16:58

Победи и Македонија на ЕП од Дивизијата „Б" за кошаркари „Под 20" години кое се игра деновиве во Софија. Веројатно и беше за очекување да бидеме подобри од селекцијата на Азрбејџан. Но и овие 40.минути покажаа дека Македонија е далеку назад во однос и на оваа европска конкуренција.

Пред себе имавме противник кој нема квалитет, но има играчи кои ни направија проблеми. Поточно ни правеа во целиот тек на средбата. Нешто подобрата завршница на Ефремоски, со помош на Крстевски ги тргнаа дилемите околу конечниот победник на овој меч кој беше оценет како шанса за победа.
Таа беше реализирана, и тоа е во овој момент најважно...
АЗЕРБЕЈЏАН - МАКЕДОНИЈА 67:74 (12-7; 13-21; 18-20; 24-26)
Одново почнавме слабо, многу слабо. На нејакиот противник му дозволивме да обезбеди сосема солидна предност во првите десетина минути. Изненадувачки, водеше Азербејџан со „ракометни" (12:7). Неверојатно лошо игравме во фазата на нападот, дадовме само седум поени, па тоа е и некој реален приказ на настаните во софиска „Универзијада".
Почнаа да се поправаат со почетокот на втората четвртина во која се отвори Тодоровски, кој ја имаше и најтешката задаша, да ги чува највисоките, и најсилни противнички коашркари, Мамадов и Полатканли.
До полувремето направивме резултатски пресврт, имавме водство од три поени (28:25). Но не игра која треба да ни го донесе првиот триумф. Азербејџан парираше и во третиот период по кој добивме уште два поени во позитивата (48:43).

Но далеку беше и крајот на мечот, на кој беше присутен и нашиот амбасадор во Р. Бугарија, г. Марјан Ѓорчев, како и комплетната јуниорска селекција која имаше „контроли" во Ботревград, па овој момент го исктоистија да ги бодрат своите постари репрезентативни колеги.
Но во 33.минута од играта, противникот се доближи, и тоа на два поени разлика (50:52). Но петте поени на Крстевски, и тројката на Ефремоски донесоа сигурно, двоцифрено водство (66:56), на четири минути пред крајот.
Новата тројка на Ефремоски, за (71:63) ги симна сите дилеми, Македонија победи за прв пат на шампионатот.
Претходно, во првиот меч од ова 4.коло во групата „А" Летонија ја здроби Белорусија (81:56), и го потврди првото место.
Во последното коло, уште вечер (19.30 часот), Македонија ја чека дуел токму против Белорусија.

 

ЕП – ПОД 20 – „Б" ДИВИЗИЈА-СОФИЈА
ГРУПА А
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Белорусија – Летонија 56:81
Азербејџан – МАКЕДОНИЈА 67:74
Белгија - слободна

ТАБЕЛА
1. Летонија 4 4 0 315:201 8
2. Белгија 3 2 1 196:179 5
3. Белорусија 3 1 2 196:203 4
4. МАКЕДОНИЈА 3 1 2 181:222 4
5. Азербејџан 3 0 3 175:255 3
ИДНО КОЛО (18. ЈУЛИ)
17.15: Белгија – Азербејџан

19.30: МАКЕДОНИЈА - Белорусија

Летонија - слободна

 

 

Најново во Кошарка