На десетгодишнината од историскиот успех во Литванија

ПРЕДВИДУВАЊЕ ОД ФИБА: Македонија би можела да учествува на Евробаскетот во 2021

По овој завршен септемвриски ФИБА „прозорец", експертите Симас Баранаускас, Игор Чурковиќ и Џаред Грелет, немаат дилеми дека Македонија ќе биде пред Косово и Романија.

објавено: 21 септември 2018 - 15:15

Кошаркарските познавачи кои работат како аналитичари за Светската кошаркарска федерација, се убедени дека репрезентацијата на Македонија сигурно ќе го освои првото место во групата „Б" во која се уште и селекциите на Косово и Романија во претквалификациите за Евробаскетот 2021.

По овој завршен септемвриски ФИБА „прозорец", експертите Симас Баранаускас, Игор Чурковиќ и Џаред Грелет, немаат дилеми дека Македонија ќе биде пред Косово и Романија.

Но одат и еден чекор понапред во коментарите дека „црвено-жолтите" може да стигнат и до завршниот турнир на Европското првенство, секако со забелешка дека ќе имаме доста тешка задача да го реализираме ова своевидно ФИБА предвидување.

„И пред да почнат мечевите, реков дека од тимовите кои играа во првата фаза од претквалификациите, Македонија има најголеми шанси да оди понатаму. Останувам на тоа мислење, немам дилеми дека ќе бидат први" - прогнозира Грелет.

„Македонија оди понатаму, а мислам дека може и да се пласираат на ЕП 2021, на десетгодишнината од нивниот огромен успех во 2011"- го дополнува Чурковиќ.
Во теорија, Македонија сега се бори да влезе меѓу 32. најдобри во Европа. Сега сме во група која е од 25. до 36. место на континентот.
Инаку, во квалификациите за ЕП ќе играат 32. тима, а на завршницата ќе се најдат 24. најдобри.

 

Најново во Кошарка