БЕЗ РЕШНИЕ И ЗА БЕЛГИЈА

Пораз број два за младинците во Софија

Младинската кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз на Европското првенство „Б“ дивизија, откако беше совладана од Белгија со 76-65. 

објавено: 15 јули 2018 - 19:17

По крајно лошиот старт на Европското првенствп „Б“ дивизија, односно убедливиот пораз од Летонија, избраниците на Никола Василев не успеаја да се рехабилитираат. Младинците пред малку беа совладани од Белгија со 65-76 (17-16, 16-24, 11-19, 21-17) и натаму е без победа на ова првенство кое се игра во Софија.

По водството во првата четвртина од 17-16, следеше пат во играта на Македонија, во следните два периоди Белгија доминираше, лесно дојде до двоцифрената предност. „Црвено-жолтите“ се разбудија во последната четвртина, но веќе беше доцна за било што.

Михајловски со 15 поени и пет скока беше прв стрелец, два поени помалку имаше Ефремовски, кој зад своето име запиша и седум загубени топки.

Македонија во третото коло ќе се соочи со Азербејџан, дуелот се игра во вторник. 

 

Најново во Кошарка