МАКЕДОНИЈА ВО БИТКИ ЗА ПЛАСМАН

Подобри од Украина, сега за позиција број 5!

Во еден неизвесен натпревар до самиот крај, Македонија излезе како победник против Украина (70:66), и по вториот триумф на „Словениа Бол" ќе се бори за петтата позиција на турнирот...

објавено: 25 август 2018 - 12:15

Селекцијата на Македонија „Под 14" години ќе игра за петтото место на суперсилниот „Словениа Бол" каде оваа година учествуваат десет европски селекции во оваа возрасна категорија.

Во доста неизвесен натпревар, исполнет со неколку промени на водството на крајот младиот тим предводен од селекторот Благоја Кечовски беше подобар од Украина.
Македонија – Украина 70-66 (18-23; 22-14;15-17; 15-12 )
Симиќ и Џинес уфрлија по седум поени во првиот период од дуелот во окој Украина направи двоцифрена предност, но на истекот на десет минути, истото беше преполовено, (18:23).
За разлика од некои претходни натпревари, на овој бевме конкурентни со онаа „втора петорка"
По тројката на Јовановиќ, Македонија стигна до нерешен резултат (23:23), а првото водство го запишавме по 15.минути игра, (32:20). Три минути подоцна имавме и најголеми (40:32).
Но не ги задрживме, затоа што Украинците реализираа мини-серија од (5-0) за конечни (40:37) на полувремето.
По големата пауза, Украинците направија резултатски пресврт. Дури и поведоа, во 25.минута со (51:46).
Но серијата од (9-0), заокружена сп тројка на Симиќ (од табла), ја врати Македонија во водство, макар и минимално, по три одиграни четвртини (55:54).

Така беше се до финалната минута од играта во која влеговме со скор (67:66). А потегот на натпреварот му припадна на Благоевски, кој ја проби противничката одбрана, и положи за (69:66). А веќе во следниот напад, по неуспешниот украински обид, погоди и едно од двете слободни фрлања за победа.
А за неколку часа нашите пионерски репрзентативци ќе го дознаат и противникот во мечот за петото место.Односно победникот од дуелот Црна Гора и Хрватска.

Најново во Кошарка