МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ТРЕТОТО МЕСТО НА ЕП ВО САРАЕВО

Победа над Чешка ги води кадетите во „А“ дивизијата!

Нашите репрезентативни кадети ќе имаат уште една шанса да се пласираат во дивизија А во натпревар за трето место на Европското првенство, дивизија Б кое се одигрува во Сараево.

објавено: 17 август 2018 - 22:52

Во полуфинален натпревар против домаќинот Босна и Херцеговина, македонските репрезентативци до 16 години запишаа пораз од 76-95 и в сабота ќе разигруваат за третото место во дивизија „Б“.

Доколку остварат триумф против селекцијата на Чешка (почеток 18:30, сабота 18. август) , ќе се пласират во првата дивизија.

„Одигравме рамноправно прво полувреме, ама очигледно не стигна заморот и тоа придонесе за голем број на технички грешки и статичен напад. Им честитам на момците за пожртвуваната игра, знам дека дадоа се од себе. Во сабота ја имаме втората шанса која се надевам дека ќе ја искористиме“, истакна селекторот Јованчев.

Најново во Кошарка