НЕКОМПЛЕТЕН СТАРТ

По Соколов и Николовски: И Маслинко му откажа на Давитков, Костоски ќе доцни

Македонската кошаркарска репрезентација утринава стартуваше со подготовките за претквалификацискиот меч со Швајцарија за Европското првенство 2021 година. 

објавено: 18 јуни 2018 - 10:20

Македонската кошаркарска репрезентација утринава стартуваше со подготовките за претквалификацискиот меч со Швајцарија за Европското првенство 2021 година. На првиот собир се појавија 11 кошаркари од вкупно повикани 15 репрезентативци. 

На гостувањето во Фрибург, поточно на подготовките за дуелот со Швајцарија, селекторот Јорданчо Давитков покрај Дарко Соколов и Кирил Николовски, нема да смета ниту на младиот Андреј Маслинко, кој ќе мора да оди на операција на скочниот зглоб. На првиот собир се појави и новиот натурализиран Македонец, Шејн Витингтон.  

Денешниот тренинг нема да го одработи ниту Бојан Крстевски кој има проблем со грбот и Александар Костоски, кој најавил дека ќе задоцни два дена.

Последниот меч од претквалификациите против селекцијата на Швајцарија, ќе се одигра на 28. јуни, со почеток во 19.30 часот.

Најново во Кошарка