НАУМОСКИ ЌЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ПОЗИЦИЈА

Пеце удри „темел" за нови избори во МКФ?!

Петар Наумоски најави заминување од претседателската функција во македонската кошарка.

објавено: 20 август 2018 - 13:45

Бобан Радуловиќ

Во изјава за некои наши медиуми, актуелниот „прв човек" на МКФ потврди дека од лични причини, планира да го замени местото на живеење, односно наместо во Скопје, заедно со своите синови-кошаркари, да го прави тоа во Турција, најверојатно во „неговиот" омилен град – Истанбул.

Но и тоа дека ќе го истурка дадениот (и одбранет) мандат, и дека ќе биде „тука" до истекот (април-мај, наредната година).
За другото – потоа...
Со една цел, да се реализираат (во целост) сите оние најавени работи од оваа раководна структура, односно добивање на спротски објкет во владение на федерацијата, и поставување на стабилна структура за работа со младите категории.
Но дали е се баш така идеално по оваа најава за заминување на Петар Наумоски?
Што е тоа така лично за "Петар велики" уште еднаш си замине од Македонија, иако како што и самиот констатира, би ја оставил нашата кошарка како во неа да „тече мед и млеко".
Многу поверојатно е дека други се причините за едно такво „заминување", и згора на тоа јавно обелоденето во само еден македонски медиум (и онака никаде го нема во јавноста), а во моментите на еден неочекуван успех – пласманот на кадетите во „А" Дивизијата.

Турција, земјата која му дала, а и тој дал многу за неа, особено Ефес Пилсен (сега Анадолу Ефес), многу извесно чекаат на неговите потомци. Односно синовите, кои важат за доста талентирани кошаркари, и кои во скора иднина и би можеле да тргнат по патеките на својот татко. Па освен оној матичен пасош, се стекнат и со турско државјанство. Секако со цел многу полесно да влезат во „светот на кошарката" во оваа земја, а и пошироко се подразбира, ако се земе в предвид „големината" на турската репрезентативна кошарка во овој момент па и сега, ако „Петар велики" си замине, а немаме ништо против, прашањето кое следува, освен причините нели, кој би можел да влезе, да дојде на таа позиција во мак-баскетот, каде е далеку од идеална сликата којa упорно се форсира, особено по еден неочекуван успех.
Колку да сака да „вергла" дека е така, никако не може сето тоа да го покрие она што се случуваше во изминатиот месец-два (со другите младински селекции), или другите отворени проблеми со кои се соочува овој наш спорт (неплатените котизации на 80-90% од прволигашите).
Првата помисла за нов претседател, барем од оваа гледна точка е дека тоа би можел да биде некој од „внатрешните редови", односно, очекувањата да одат во правец тоа да биде актуелниот спортски директор на федерацијата.

Владимир Темелковски во секој свој јавен истап (најчесто на социјалните мрежи) јавно ја фали работата на своите „претпоставени", но јасно е дека не би имал ништо против да биде во кругот на кандидати во изборот за нов претседател (секако по услов оваа најава на Наумоски да остане).
Оттука битен момент при изборот на ноиот предводник на МКФ, ќе биде и тоа „примопредавање" на позициите. Што во некоја рака би му ја олеснила работата на Темелковски, повторно под услов „малиот Меги" да е подготвен да влезе во приказната.
Но не треба да се заборави и на луѓето на кои Пеце не им е никако омилена личност.
На оние кои во изминатиот период сакаа да му го видат грбот. Веројатно и кај нив постои некој промил на такви желби, барем уште еднаш, или некој пат, да пробаат да променат нешто во раководната структура на федерацијата, која според Наумоски „процветала" под неговото владеење кое ете, наводно, ќе завршело со истекот на мандатот.
И со сите реализирани најави, пред се!
Трката почнува...


Најново во Кошарка