ПОРАДИ ОБНОВУВАЊЕ НА СТАРА ПОВРЕДА

Останавме без Симоновски

Вториот контролен меч со Левски Лукоил беше кобен за надежите на одличниот шутер дека ќе се врати во националниот тим на Македонија.

објавено: 3 септември 2018 - 11:05

Марко Симоновски нема да се врати во напшито национален тим за претстојните мечеви од претквалификациите за пласмна на ЕП 2021 година.

Одличниот бек-шутер на МЗТ Скопје, се здобил со нова повреда за време на вториот контролен натпревар на „металците". Оној со екипата на Левски Лукоил одигран во саботата попладне во СЦ „Јане Сандански".

„За жал, тоа се нови лоши вести за нас. Реков на првиот собир дека би сакал сето ова, овие десетина дена да поминат без некои повреди. Но за жал веќе наредниот ден доаѓа оваа лоша вест дека ќе го немаме Марко Симоновски за овие мечеви со Косово и со Романија"- потврдува селекторот Јорданчо Давитков.

Информациите се дека станува збор за обновување на повредата на Симоновски поради која дојде до онаа „спорна ситуација" во текот на ланскиот подготвителен период.

Најново во Кошарка