СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ" САМО КАКО ПРИВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ

Од 6. септември – преселба во ВИП „Борис Трајковски"

Нашите најдобри кошаркари ќе ги користат условите на најубавата сала во Македонија уште три дена, а потоа се селат на другата страна од градот, каде на 16. септември ќе ја дочекаме селекцијата на Романија...

објавено: 4 септември 2018 - 15:30

Спортската сала „Јане Сандански" ќе биде домаќин на нашите најдобри кошаркари уште три дена. Односно до 5. септември, кога по 11 одработени тренинзи, „црвено-жолтите" ќе се префрлат со тренирање (потоа и играње), на другата страна од Скопје.

Поточно во ВИП Арената „Борис Трајковски".

Согласно со распоредот на тренинзи, нашиот најдобар состав ќе направи промена од причина што во изминатиот период не можеше да тренира на местото каде на 16. септември ќе го играме претквалификацискиот дуел против селекцијата на Романија.
Инаку, во овој преткваликфикациски септемвриски циклус, стручниот штаб предвидел вкупно 22 тренинзи пред заминувањето за Приштина каде на 13. септември е закажан дуелот против селекцијата на Косово.
Планирани се уште најмалку три во оној „меѓупростор", помеѓу двата меча со Косово и со Романија, кој треба да се реализира на 16. септември. Веројатно уште еден на денот на одигрување на дуелот во Приштина, со кој би се заокружила бројка од 26 тренинзи.
Сосема доволни во обидот да се стигне до целта - две победи.

 

 

Најново во Кошарка