ИМ ОСТАНУВА УШТЕ ЕДНА ШАНСА ДА „ПОБЕГНАТ“' ОД МАКЕДОНИЈА

„Ниска земја", ниски бројки: Висок пораз за Марковски и Романците

Селекцијата на Романија, која ја предводи нашиот стручњак Заре Марковски забележа убедлив пораз на гостувањето во Холандија (52:77), по кој е доста веројатно дека тие, заедно со Косово ќе ни бидат противниците во втората фаза од претквалификациите за ЕП 2021.

објавено: 28 јуни 2018 - 22:52

Заре Марковски и селекцијата која ја предводи, Романија, ја пропуштија првата „меч-топка" за пласман во следната ринда од квалификациите за Светскиот Куп 2019 година во Кина.

Романците запишаа висок пораз, и не ја одбранија позитивата од седум поени со која дојдоа на гостувањето во Холандија.

На крајот, сето тоа делува и повеќе од убедливо, победа на „лалињата" од (52:77), па сега на Романија и останува втората прилика за „поправка на впечатокот". За неколку дена, пред својата публика во Клуж, да се обидат по втор пат во овие квалификации да ја изненадат Хрватска.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019
РЕЗУЛТАТИ
Група А
Словенија – Шпанија 72:83
Црна Гора – Белорусија 80:69
Табела: Шпанија 10 бода, Словенија 7, Црна Гора 7, Белорусија 6.
Група Б
Шведска – Летонија 72:82
Турција – Украина 80:66
Табела: Украина 8, Турција 8, Летонија 8, Шведска 6.
Група Ц
Полска – Литванија 61:79
Косово – Унгарија 65:81
Табела: Литванија 10, Полска 7, Унгарија 7, Косово 5.
Група Д
Холандија – Романија 77:52
Италија – Хрватска 72:78
Табела: Италија 9, Холандија 7, Хрватска 7, Романија 7.
ПЕТОК:
Група Е
20.30: БиХ – Франција
20.30: Белгија – Русија
Табела: Франција 8, Русија и БиХ по 6, Белгија 4.
Група Ф
17.00: Бугарија – Исланд
18.00: Чешка – Финска
Табела: Чешка 7, Исланд и Финска по 6, Бугарија 5.
Група Г
17.00: Грузија – Србија
19.30: Германија – Австрија
Табела: Германија 8, Србија 7, Грузија 5, Австрија 4.
Група Х
Израел – Грција 78:96
20.30: В. Британија – Естонија
Табела: Грција 10, Израел 7, Естонија 6 (-1), В. Британија 4 (-1).

 

Најново во Кошарка