АМЕРИКАНЕЦОТ ПРИФАТИ ДА ИГРА ВО ОВОЈ КРУГ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ

НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ: Хендрикс доаѓа во Скопје

Конечно добра вест – Ричард Хендрикс ќе игра за Македонија и во овој септемвриски претквалификациски циклус. Американецот со македонски пасош доаѓа денеска попладне, и веднаш ќе му се стави на располагање на селекторот Јорданчо Давитков.

објавено: 10 септември 2018 - 11:30

Преговорите на релација МКФ – Ричард Хендрикс финишираа во позитивна насока. Американецот, сега играч на францускиот првак Ле Ман, конечно дал согласност да дојде во Скопје и да го одработи овој претквалификациски циклус заедно со другиот дел од нашиот национален тим.

Рака на срце, луѓето од нашата федерација го очекувале неговото доаѓање во текот на вчерашниот ден. Но поради не баш добрата конекција (возна) на релација Ле Ман-Париз, авионскиот билет е поместен за денешниот датум.

„Авио-билетот адресиран на име Ричард Хендрикс е испратен. И ние го очекуваме неговото пристигнување во Скопје во попладневните часови. Се надеваме дека вднаш по доаѓањето, и по еден краток одмор ќе го одработи и првиот тренинг со другиот дел од селекцијата"- потврдуваат од федерацијата.

Уште еднаш се покажа како точна дефиницијата, или изреката дека „никогаш не викај никогаш". И уште еднаш во една ваква ситуација се најде силниот, 207 сантиметри висок Американец, кој во последен момент ќе им се приклучи на своите репрезентативни колеги во обид да дојдеме до две победи во дуелите со косово (13. септември) и Романија (16. септември).

 

Најново во Кошарка