СКАПО ГИ ЧИНИ

НЕВЕРОЈАТНА ГРЕШКА: Како Израел и буквално загуби добиен меч (ВИДЕО)

На 0.4 секунди пред крајот, Израелците водеа со (91:90) и имаа две слободни фрлања. Томер Гинат застана на линијата, го погоди првото, а намерно го утна второто слободно фрлање. И тоа беше добар план, доколку Гинат не направи сериозна грешка.

објавено: 17 септември 2018 - 14:00

Сјајна престава направија кошаркарите на Германија и на Израел во неделата навечер.

На крајот, победија Германците, и тоа во продолжението од пет минути (112:98), кое и не требаше да се игра доколку гостите од Израел беа малку „побистри во размислувањата".
Имено, на 0.4 секунди пред крајот, Изралеците водеа со (91:90) и имаа две слободни фрлања. Томер Гинат застана на линијата, го погоди првото, а намерно го утна второто слободно фрлање. И тоа беше добар план, доколку Гинат не направи сериозна грешка.
При шутот на второто слободно фрлање, топката не го допре обрачот, туку само таблата.
Судиите го видоа тоа, што е спротивно на правилата, па досудија топка за Германија.

А во таа помалку од половина секунда, „панцирите" го казнија тоа и натпреварот отиде во продолжение.
Во тие пет минути, целосен дебакл на „синовите од Светата земја", кој на крајот скапо ги чинеше, особено што во текот на регуларниот дел имаа водство и од дваесетина поени.

 

Најново во Кошарка