И трет пораз во Словењ Градец

Нема полуфинале за македонските надежи

Селекцијата на Унгарија со победата од (66:54) ги урна надежите на нашиот национален тим „Под 14" години за пласман во полуфиналето на меѓународниот турнир „Словениа бол" кој се одржува во Словењ Градец.

објавено: 24 август 2018 - 17:00

Селекцијата на Македонија за играчи родени 2004 година, или според ФИБА спецификацијата, „Под 14", не обезбеди пласман во полуфиналето на 14. по ред турнир „Словениа Бол" кој се одржува во Словењ Градец.

Македонските пионери загубија од Унгарија во одлучувачкиот натпревар за местата кои водеа во полуфиналето на овој престижен турнир во Словенија.
Со скор од три порази и една победа, избраниците на селекторот Благоја Кечовски ќе се борат за утешен пласман од 5 до 10. место на силниот турнир во Словењ Градец.


На последниот меч во групната фаза Унгарците беа вистинско изненадување за нашиот тим „под 14' години. Откако пред неколку часа загубика убедлуво од Русија, се чинеше дека нашата пионерска селекција е подготвена за уште еден триумф (после оној против селекцијата на Хрватска).
Но кога требаше потфрлија.
Македонија - Унгарија 54:66 (17-12; 12-24; 12-18; 13-12)
Уште еднаш се повтори истото сценарио. Првата петорка прави предност, во овој случај (17:12), но потоа следуваат моменти во кои противникот доминира и оставрува предност. Како во овој случај во кој во втората четвртина Унгарија прави пресврт. И од негатива од пет поени до полувремето, прави разлика од 12 поени доволна за водство (36:29).
Разлика која во продолжението на играта нашиот пионерски состав не успеа да ја стигне.
На истекот на 40.минути остана запишано дека Теодор Симиќ излезе со потврда дека е далеку над другите наши млади момци во овој состав. Високиот центар реализираше дабл-дабл од 17. поени и 19. скока, а втор „двоцифрен" играч во тимот на Македонија бешe Трипуноски кој исто така беше со двоен скор. Односно реализирани 10. поени и исто толку скокови.

 

Најново во Кошарка