КОЈ ГИ ПРАШУВА КЛУБОВИТЕ?

НЕ ОДИ ТОА БАШ ТАКА: МЗТ би останал без половина тим, тука некаде е и Работнички...

Со оглед на тоа дека имаат неколку репрезентативни имиња во најновиот ростер, јасно е дека стручниот штаб на „металците", и не само нивниот, би имале сериозни проблеми во периодот на подготовките кој ги планира федерацијата.

објавено: 14 јули 2018 - 20:35

Во овој момент Македонија не може да се пофали дека има голем број на играчи за „извоз", а со самото тоа се нарекуваат интернационалци, а се и на списокот на играчи на кои се смета и во следната претквалификациска рунда.

Но желбата на раководството на МКФ да се обезбедат најдобри услови за подготовки, и истите да траат месец и половина, едноставно е и тешка за реализација.
Доволен е примерот со екипата на МЗТ Скопје, онаа која во овој момент дава и најголем број на репрезентативци.
Пред се, треба да се знае дека МЗТ Скопје е екипата која е првата која ќе има актвности во новата натпреварувачка сезона. Со оглед дека испратија пријава за настап во АБА -2 лигата, согласно со календарот, својот прв меч во новата сезона „сино-белите" ќе го одиграат на 28. септември.
Односно неполни две седмици откако ќе завршат оние репрезентативвни обврски (13 и 16. септември).
Се поставува како и кога шефот на струката на МЗТ Скопје, во овој случај, би ги имал на располагање репрезентативните имиња, кои и не се така малу, напротив...
Логично во август, на тренинг во Аеродром треба да се Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Љубомир Младеновски, Андреј Маслинко, сега и Марко Симоновски, и уште некој како Мекиќ или Стајиќ, кои во овој момент се „слободни агенти" и лесно би можело да се вратат назад во „сино-белите" редови.
Како Ѓорѓи Кочов би ги спровел во дело планираните активности на клубот во тој временски период?
Но тука не е само МЗТ, не треба да се заборави и на шампионот. Јасно е дека без оглед на тоа не излегуваат во Европа, и Работнички има свои планови во кои се вклучени Крстевски, Николовски, Караџовски.
Едноставно МКФ мора да го послуша и зборот на клубовите, кога веќе се влегува во една ваква заплеткана ситуација.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка