Марко Симоновски го појаснува новиот момент

Не е ништо страшно, но не можам да ризикувам посериозна повреда!

„Веќе разговарав со селекторот Јордначо Давитков. Убаво му ја објаснив ситуацијата во која се најдов овие денови. Благодарам сум му што го сфати моментот, и што ме ослободи од понатамошните обврски кон националниот тим"- вели бекот на МЗТ Скопје.

објавено: 4 септември 2018 - 13:40

Колку и да сакаше, сега дефинитивно е јасно дека Марко Симоновски нема да го има своето враќање во националниот тим. По една подолга пауза, Симоновски одлучи да се врати, но болниот момент од дуелот со Левски Лукоил, оној вториот, го натерал исусниот бек-шутер да ја повлече кандидатурата за место во идеалниот тим на Македонија за претстојните дуел од претквалификациите со косово и со Романија.

„Почувствував болка во пределот на стопалото со кое имав проблеми во минатото. Оттука и не го играв второто полувреме од проверката со Левски Лукоил. По разговорите со докторите од клубот решив дека најдобро е да не превземам никаков ризик. Го информирав селекторот дека наредниот период ќе го поминам во рехабилитација.



Не е страшно, но болките се прва опомена дека морам внимателно да ја продолжам сезоната. Знам дека сето ова доаѓа токму во моментите кога требаше да се вратам и да играм за репрезентацијата. Но, ете, морам да се штедам, што се вели. Ме чека напорна клупска сезона. Ќе бидам тука со соиграчите, но не можам да играм во вакви околности. Уште еднаш благодарност до селекторот за разбирањето кое го покажа спрема мене во оваа нималку посакувана ситуација во која се најдовме"- дополнува Симоновски за актуелниот момент, не баш идеален и за него и за националнито тим во пресрет на дуелите со Косово (13.септември во Приштина) и Романија, три дена пдооцна во Скопје.

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка