На полувреме: Швајцарија - Македонија (47:42)

НЕ Е ДОБРО: „Саатџиите“ диктираат темпо...

Селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков почна со петорката во која беа Костоски, браќата Стојановски, Трајковски и Витингтон.

објавено: 28 јуни 2018 - 20:22

Лошо го почнавме мечот во Фрибург затоа што по пет минути играње бевме во негатива од седум поени (6:13), која го примора Давитков да го потроши првиот „тајм-аут".

Не донесе резултат, затоа што домашната селекција направи и плус од девет поени (20:11). Беше и (24:15) за „часовничарите", за тој прв период го загубиме со (26:20) по заслуга на двете слободни фрлања кои ги реализира Војдан Стојановски на две секунди пред истекот на четвртината.
Период од играта во која дадовме само една тројка (Костоски) од осум обиди.
Војдан Стојановски и Бојан Трајковски најавија нешто подобра игра на нашиот тим, пред се во нападот. Но домашните кошаркари не дозволија во ниту едне момент да ја загубат предноста стекната уште во раната фаза на мечот.
На полувреме Швајцарија води со (47:42), во напито тим 12 поени дојдоа од В. Стојановски, а 10 има Трајковски.

Најново во Кошарка