ПРОЕКТИТЕ КОНЕЧНО ВРОДИЈА ПЛОД, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МКФ

Наумоски: На некој начин, вештачки се радувавме на успехот во 2011 година, мислевме развојот на младите сам ќе дојде

Раководството на МКФ на чело со првиот човек, Петар Наумоски денеска лично им го честита успехот на кадетската репрезентација, која успеа да го прекине долгиот пост кога станува збор за настапот во елитната А дивизија.

објавено: 20 август 2018 - 12:52

Раководството на МКФ на чело со првиот човек, Петар Наумоски денеска лично им го честита успехот на кадетската репрезентација, која успеа да го прекине долгиот пост кога станува збор за настапот во елитната А дивизија.

Избраниците на селекторот, Александар Јованчев го освоија третото место на ЕП Б дивизија и најавија дека репрезентативната кошарка ја чека светла иднина.

„Би се навратил уште од самиот мој избор за претседател, каде што најголемиот акцент го дадов на работата со младите категории затоа што се гледаше веќе тоа од многу подалеку дека работата и континуитетот со младите изостанува во последните 15-16 години. На некој начин, вештачки се радувавме на успехот во 2011 година, затоа што мислевме дека со тој успех, ќе продолжи развојот на македонската кошарка и создавањето на младински играчи. Ако не се работи со нив, тие нема сами да се создадат. Почнавме со ангажмани и проекти врзани со ФИБА, пред две и пол години. Раководството на сегашната федерација има неколкугодишно искуство со тоа. Го направивме во соработка со турската кошаркарска федерација и ги користевме нашите лични врски за да издејствуваме проект кој може да го создадеме на наше тло. Видовме дека овој проект има позитивни импликации во развојот на децата, со самото тоа што дружбата на децата трае подолготрајно, за разлика од другите селекции. Зголемено е оваа година, го надополнивме со вистински подготовки и хемија којашто е потребна за подобрување на психофизичките карактеристики на секој играч. 2002 година е онаа што ја започнавме, не израдува, голема благодарност до стручниот штаб. Но, мора да напоменеме дека не застануваме тука, следи проект и за деца родени во 2003 година. Се изборивме и овој проект да продолжи со 2004 година. Исто така почнавме со работата и со девојчињата. Концентрирани сме на целата кошарка, не само на машката, туку и на женската кошарка. Се надевам дека сите што работат и сите што ќе работат во иднина ќе одат по ист правец и нема да погрешат, да направат отстапка од овие проекти. Интонациите на химните и најавите покажаа дека кај нашите деца има голема желба да играат со срце за оваа репрезентација и националниот дрес да биде како оној во екс-ју - престиж за секој спортист. Ова раководство веќе има програма, се заложивме да добиеме спортска сала во трајно користење на подолг период и ќе добиеме свој „дом". Таму ќе продолжи активноста со репрезентациите, каде ќе има тренери, нутриционист, психолог... Ќе се работи за да се задржат сите деца и да не се дозволува нашите деца да одат надвор од нашите граници", истакна Претседателот на МКФ, Петар Наумоски.

Најново во Кошарка