УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА НА ЈУНИОРИТЕ ВО УТЕШНАТА ГРУПА (17-24МЕСТО)

Најдоа и „нафта“ во Аеродром, ама азербејџанска

Азербејџан е совладан со убедливи (65:50), па утре, на последниот ден од турнирот во Скопје, Македонија ќе се бори за 17. место...

објавено: 4 август 2018 - 15:49

Битно е да се победува, макар и во натпревари кои не менуваат нешто многу, каков што беше оној помеѓу јуниорските селекции на Македонија и Азербејџан.

Поточно одредува кон кое место на финалниот ранкинг ќе биде нашиот јуниорски национален тим. 

Триумфот број три, одреди утре попладне Македонија да разигрува за 17. место на шампионатот на кој сме во улога на домаќини. 

Азербејџан – Македонија 50:65 (6-20; 18-15: 10-19; 16-11)
Интересно е што во текот на првото полувреме, повеќе од 15.минути од играта. селекторот Панче Милевски „користеше" само шестмина кошаркари. Односно освен стартната петорка (Панов, Миса, Стојановски. Јакимовски и Какруки), играше само Данилов.
Дури откако обезбедивме двоцифрено водство (30:20), свои минути добија Исајлоски и Анастасовски, што не „влијаеше" на реултатот.

На полувремето, Македонија имаше слична предност (35:24), иако по првите десет минути тоа водство беше повисоко (20:6), а скоро една третина од поените (11) беа дело на Какруки.
Осум даде Панов, седум Стојановски, а еден помалку Данилов.
Вториот дел беше доста неефикасен, особено половината од третиот период во кој ако ништо друго, добро се браневме, па противникот реализираше десет поени за исто толку минути. Ние дадовме 19, па побеникот беше решен, имавме плус од 20.поени (54:34).
А по овој трет триумф на шампионатот стана јасно дека Македонија ќе се бори за таа 17.позиција во конечниот изглед на табелата на овој шампионат од „Б" Дивизијата.
Противник на нашиот јуниорски национален тим ќе биде победникот во дуелот Швајцарија – Луксембург, кој е закажан за вечерва од 21.часот.
Инаку во битките за местата кои догодина водат во „А" Дивизијата, вечерва ќе се сретнат Белгија-Словенија (18.45), односно Естонија-Холандија (21.часот).

 

Најново во Кошарка