Подобри од избраниците на селекторот Панче Милевски беше репрезентацијата на Турција „Под 17" години, која победи со повеќе од убедливи (86:57).
Високи (26:17) беа на истекот на првиот период во корист на домаќинот на овој двомеч. Потоа уште повисоки беа оние (39 23) во 14 минута од играта.
А потоа уследи уште една нова турска серија (на поени) за уште поголема македонска негатива, (49:27).
И минута одмор за селекторот Панче Милевски, кој не донесе многу промени на теренот, затоа што на полувреме беа највисоките (56:32) за Турција.
По три четвртини беше идентични (69:47),односно израмнет период во кој двете селекции разменија по 15 поени.
За потсетување, на првиот меч помеѓу овие две селекции, Турција славеше со исто така убедливи, и скоро индентични, (86:56).